Во петок во четвртфиналето ќе играат Бразил и Хрватск, а победникот ќе се пласира во полуфиналето каде за ривал ќе го има подобриот од Холандија-Аргентина.
„Не можеме да мислиме на полуфиналето затоа што се уште сме во четвртфиналето. Ја почитувам Хрватска, пред нас е сериозна селекција со квалитетни играчи. Заслужува да и дадеме 110 отсто внимание“, изјави 39-годишниот бек.
Во осминафиналето Бразил со 4:1 ја победи Јужна Кореја, додека Хрватска по пеналите ја елиминираше Јапонија. Алвес на мечот со Јужнокорејците одигра 28 минути и го запиша 126 настап за Бразил со што го престигна левиот бек Роберто Карлос. Најмногу настапи за Бразил има Кафу кој 142 пати го носел дресот на Бразил.