Светското првенство 2022 во Катар e антирекордер по бројот на упатени удари кон головите надвор од казнените простори. Според анализата на статистичките податоци, досега на Мундијалот во Катар има најмал број на упатени удари од далечина и најмал процент на голови постигнати надвор од шеснаесетниците, во споредба со последните пет турнири.
Во групната фаза и осминафиналето, само 7,6 отсто од головите дошле од удари надвор од шеснаесетникот, во споредба со 18,6 отсто во 2006 година.
До осминафиналето на СП во 2010 година, имало 102 гола постигнати од внатрешноста на шеснаесетникот (84,3 отсто од сите голови), наспроти 118 (86,8 отсто) во 2018 година и дури 134 (92,4 отсто) во Катар.