Денеска на Мундијалот: Фудбал за гурмани – Модриќ и компанија против Бразил, Меси VS Холандија

247

 

По два дена пауза на СП во Катар еве денеска е ден за првите два меча од четвртфиналето. Ден за фудбалско уживање, за фудбалски гурмани. Хрватска на “крилјата“ на Лука Модриќ против Нејмар и останатите супер – ѕвезди на Бразил, овој меч е закажан за во 16 часот. “Коцкестите“ засега немаат победа над Бразил на Мундијалите, но за се има првпат. Хрватска е актуелен вицешампион и посакува по третпат пласман во полуфинале, по онаа легендарна 1998 и секако на минатиот шампионат во Русија.

На другата страна е моќниот Бразил, Нејмар и другарите се во супер – форма, факт е дека атакуваат на нова титула, но ако може некој да ги запре тоа секако дека е Хрватска.

Во вечерниот термин од 20 часот супер – спектакл. Аргентина против Холандија. Селекции кои си имаат свое историско минато уште од седумдесетите години на минатиот век од СП во 1974 и посебно во 1978.

Меси ќе мора уште еднаш да покаже и докаже дека има сила во него да дојде до толку посакуваната титула. Сепак против себе ќе го има тимот на искусниот и феноменален тактичар Луис ван Гал.

Fifa World Cup 2022, Netherlands Vs Usa And Argentina Vs Australia Highlights: Netherlands Beat Usa While Argentina Edge Australia; Both Victors Collide In Quarterfinals

Победниците од овие две четвртфинални средби се среќаваат во полуфиналето. Светот “навива“ за мега –дуел Аргентина – Бразил, но секако дека и Хрватска и Холандија не смеат да се отпишат предвреме.

ЧЕТВРТФИНАЛЕ – ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА

ХРВАТСКА – БРАЗИЛ (16:00 Ч)

Стадион: Едукатион сити (Ал Рајан)

ХОЛАНДИЈА – АРГЕНТИНА (20:00 Ч)

Стадион: Лусаил Иконик (Лусаил)

ПретходноПрвиот човек на ПСЖ откри каков договор имаат со Меси по завршување на Светското првенство!
СледноДалиќ: И да не го победиме Бразил, останува гордоста – капа доле за момците!