Мартинез: Покажавме мадиња, страст и срце, а победивме за сите 45 милиони Аргентинци

166

Голманот на Аргентина Емилијано Мартинез беше еден од хероите во успехот против Холандија во четвртфиналето на СП. Тој одбрани два пенали и помогна во конечниот резултат.

Нашата земја моментално поминува низ тешка економска ситуација, затоа сакавме барем малку да донесеме радост. Покажавме дека имаме мадиња, срце и страст. Победивме за сите 45 милиони Аргентинци“, изјави Мартинез.

Тој даде коментар и за судијата кој го продолжи мечот толку долго поради што Холандија изедначи и го однесе мечот во продолженија.

Не знам што ли размислуваше судијата. Како го досуди слободниот удар (при изедначувачкиот гол) ниту зошто даде 10 минути екстра време. Како да сакаше Холандија да изедначи. Можев да го одбранам тој удар во последните секунди, меѓутоа бевме уморни и малку деконцентрирани. Сепак, собрав сила да помогнам во пеналите. Одбранив два, а можев да го фатам и тој третиот. Како и да е, поминавме понатаму и тоа е најважно“, додаде Мартинез.

 

 

ПретходноЦиркус во Третата лига: Албес одбил да го доигра мечот во Тетово, суспензија заработи и делегатот!
СледноМилвоки во драматичен меч го совлада Далас, Лејкерс поразени во Филаделфија