Светскиот шампион е во полуфинале: Кејн промаши пенал за продолженија, Жиру е херојот на Франција (ВИДЕО)

213

Актуелниот бранител на титулата, Франција, е последниот патник во полуфиналето на СП во Катар. Вечерва на стадионот „Ал Баит“, момците на Дидие Дешан со 2:1 ја совладаа Англија во еден од најдобрите четвртфинални дуели на ова светско превенство.

 

За „галските петли“ мечот почна извонредно. Уште по 17. минути со еден прекрасен гол на Чуамени, „триколорите“ дојдоа до водство од 1:0 и покрај бројните шанси на Англичаните, на пауза се замина со предност за светскиот првак.

Англија тргна во вториот дел со многу мотиви. Притисокот резултираше со прекршок на Чуамени врз Сака во 54. минута, по што судијата од Бразил покажа на белата точка. Хари Кејн успеа да го реализира пеналот за 1:1 постигнувајќи го 53. гол во својата репрезентативна кариера, гол со кој се израмни со Вејн Руни на врвот на листата на најдобрите стрелци во англиската репрезентативна историја.

 

По една промашена шанса во 76. минута, искусниот голгетер Оливие Жиру во 78. минута успеа да погоди со глава и да ја врати Франција во водство (2:1).

 

Англија повторно притисна, а по еден нерезонски „бодичек“ врз Маунт, Ернандез направи втор пенал, кој по асистенција на ВАР судијата беше досуден, но Хари Кејн од херој се претвори во трагичар. Биеше од белата точка високо над голот на Лорис и не успеа да им донесе ново израмнување на островјаните.

Франција ја задржа предноста до крајот и со победа од 2:1 обезбеди полуфинале против Мароко.

ПретходноБензема се врати на тренинзите на Реал (М), чека медал со Франција
СледноПепе цел меч со Мароко го одиграл со скршена рака