Ако има авторитет во Португалија кој во овие моменти директно може да и се обрати на јавноста со свое мислење околу тоа кој е виновен што оваа репрезентација на Мундијалот во Катар испадна во 1/4 финалето од Мароко тоа е Луис Фиго, фудбалската легенда на оваа земја.
Тој смета дека Европскиот шампион и освојувачот на Лигата на Нациите не смее да си дозволи во така сериозен и клучен меч на клупата да го остави Кристијано Роналдо.
„Не можете да освоите Мундијал со Кристијано Роналдо на клупата. Победата против Швајцарија? Супер… но не може тоа да се случува на секој меч. Не можете Кристијано Роналдо да го оставите на клупа на така важен меч. Вината е на селекторот и неговиот стручен штаб за елиминацијата“ – изјави Фиго.