Екипата на Пелистер ја продолжи трката за првото место на табелата во Првата лига. Избраниците на Марјан Илиевски го запишаа осмиот триумф оваа сезона, откако на гостувањето кај Феникс славе со 60-73 во мечот од деветото коло.
Битолчани ја имаа контролата на овој дуел, во првата четвртина најголемата позитива изнесуваше девет поени 15-24, веќе на стартот на вториот период имаа двоцифрени 16-26. На другата страна Феникс успеа да израмни на 34-34, но застана, па гостите на одморот имаа плус 10 (35-45).
По одморот домашниот состав се обидуваше да приреди пресврт, еднаш дојде на минус четири поени, но немаше сили за повеќе, одново застануваше, момент кој противникот одлично го користеше.
За Феникс ова беше четвртти пораз оваа сезона, има пет победи, додека Пелистер има само еден пораз.