Далиќ: Некогаш среќата ќе те погали, некогаш не, сега да се собереме и да одиме по бронзата

171

Хрватска е убедливо поразена од Аргентина и место финале ќе игра за бронзените медали на СП во Катар. Селекторот Златко Далиќ и неговите момци не успеаја да направат уште еден чекор напред и да го повторат успехот од СП 2018.

И честитам на Аргентина пласман во финалето. На нас останува да се собереме, да ја кренеме главсата и да одиме во борба за третото место. Половина час игравме добро, ја држевме топката. Но потоа десна страна, конта напад, па примаме гол од корнер. Некогаш среќата ќе те погали, некогаш не. Немаме што да жалиме, одиме понатаму“, изјави Далиќ за ХТВ.

Што и недостасуваше на Хрватска на овој меч:

Не бевме конкретни. Ни недостасува вистински, класичен напаѓач, да пробиеме по страни, па имаме поквалитетно решение. Ова е заслужен пораз.“

ПретходноАргентина ја „оддува“ Хрватска и шести пат ќе игра во финале на СП (видео)
СледноЕдно поинакво издание на Е.Пелистер, реми против Бидасоа за крај на оваа година!