По финалето на Светското првенство во Катар, Лионел Меси ќе се збогува со националниот дрес. Аргентинецот на големо размислува да се пензионира, а очекува тоа да го стои на величенствен начин, со трофејот на Мундијалот, чин кој е закажан за 18 декември.
Лионел Меси ја откри информацијата за неговото заминување од репрезентацијата веднаш по победата над Хрватска, а пред последниот натпревар на турнирот во Катар. Воедно, таа средба треба да му биде последна во целата негова репрезентативна кариера на која на 171 натпревар постигна 96 гола.
„Многу сум среќен што успеавме да го постигнеме ова, да го завршиме овој Мундијал со финалниот натпревар. Има многу време до следното првенство, не верувам дека ќе можам да настапам. Најдобро е да завршам на овој начин“, изјави за аргентинските медиуми Лионел Меси.
Аргентина во финалето на Мундијалот во Катар ќе игра со подобриот од вечерашната пресметка меѓу Мароко и Франција.