Синоќа репрезентацијата на Франција во полуфиналето од Мундијалот во Катар обезбеди триумф над Мароко од 2:0 и со самото тоа и финале против репрезентацијата на Аргентина.
Нормално на трибините на стадионот беше и претседателот на Франција, Емануел Макрон кој беше пресреќен по големито успех. Сепак, по крајот на мечот негова дестинација не беше соблекувалната на Франција туку напротив, замина кај Мароко. На огромно изненадување на сите, го побара Софијан Амрабат, играчот за врска на Фиорентина кој одигра фантастичен турнир.
„Ти си најдобриот играч за врска на овој турнир“ – му порача првиот човек на француската држава на Амрабат, кој би требало по овој успех да го направи трансферот на кариерата.
Sensational Sofyan Amrabat 💪💪
A) French President Macron calls
Sofyan “the best midfielfer of the tournament” post match (video)
B) First player to win possession 50 times at the 2022 World Cup.
C) Monstrous tackle of Mbappe#FRA | #MAR | #FIFAWorldCup pic.twitter.com/U2QnLvIkT7— Indian Sports Fans (@IndianSportFan) December 15, 2022