Дејли Меил: Јунајтед купува две звезди од Мундијалот во Катар уште зимава

617

Како што објавува денешното издание на тиражниот Дејли Меил во Британија, тимот на Манчестер Јунајтед е подготвен зимава сериозно да се засили. И тоа со двајца играчи кои оставија фантастичен впечаток на Мундијалот во Катар.

Со оглед на фактот што Јунајтед кубури со напаѓачи, прва мета на клубот ќе биде репрезентативецот на Португалија, Гонсало Рамос кој постигна хет трик во осминафиналето против Швајцарија.

Напаѓачот на Бенфика има само 21. година и е во одлична форма.Сезнава на 21. меч постигна 14 гола, а неговата цена е фантастични 110 милиони евра. Бенфика нормално нема да се согласи на ништо помалку.

Од друга страна пак Ерик Тен Хаг своите редови планира да ги засили со уште еден негов сограѓанин од Холандија во името на Коди Гакпо. На Мундијалот постигна три гола, а таму пристигна со тринаесет гола и седумнаесет асистенции за ПСВ. Клубот за него бара наводно 70 милиони евра.

 

 

ПретходноСрбинот се бори за живот: Михајловиќ може да живее уште 10 дена…
СледноМладинците се петнаесетти во Европа