Убедливо најголемиот бразилски талент во моментов, и еден од најголемите во светски рамки, тинејџерот на Палмеирас, Ендрик, е нов играч на тимот на Реал Мадрид. Во договор во кој „Кралевите“ ќе мора првично да исплатат 60 милиони евра, плус 12 како евентуални бонуси, младиот напаѓач се сели во Европа и влегува во врвот на фудбалот на голема врата.
Сепак, со неговите 16. години во моментов, тој може единствено да пристигне во Мадрид, да обави лекарски прегледи, да мине неколку дена во клубот, и да се врати во Палмеирас. Се додека не наполни 18. години, па официјално да му се приклучи на Реал во јули 2024 година.