Динамо Букурешт му зеде бод на Веспрем, Кјелце сигурен!

86

Веспрем го запиша второто реми во Лигата на шампиони оваа сезона. Иако се очекуваше дека унгарскиот вицепрвак со победа ќе се врати од гостувањето во Букурешт, сепак успеа да освои само бод (31-31), Динамо се покажа како тврд противник особено во второто полувреме кое го доби со 18-15.

Чави Пасквал покажа дека она што го работи со романскиот тим доправа ќе носи резултати, во втората година на клупата, Динамо стана силен конкурент – и тежок противник дури и за големите тимови.

Акименко со седум гола беше прв стрелец, Али Мохамед имаше еден помалку, кај гостите Ненадиќ запиша седум погодоци.

Кјелце без проблем го доби дуелот со Целје, на домашен терен го совлада со 36-38 за деветти триумф оваа сезона, со кој ќе остане на второто место на табелата во групата Б. Полскиот тим оваа средба ја реши во првото полувреме, поведе со 18-15, а во сличен стил одигра и во вториот дел.

ПретходноТФТ го прекина налетот на Пелистер (ФОТО)
СледноХановер и Кузмановски фатија ритам, нова победа на Лемго без помошта на Ристовски!