Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони изјави дека веќе е свесен за составoт, тактиката и како да ја запре Франција во финалето на Светското првенство во Катар меѓу двете селекции. „Албиселесте“ утре ќе се сретнат со „петлите“ и двете селекции ќе се обидат да ја зграпчат третата светска титула.
„Донесов одлука за составот уште пред нашиот последен тренинг, дури и ќе знаете се пред да дознаат играчите. Настрана шегата, можни се две опции. Нашиот стил на игра нема да не промени, ќе играме на начин на кој можеме да му правиме најмногу проблеми на противникот.
Критиката не ми пречи, ја прифатив од моментот кога ја презедов оваа работа. Луѓето велат дека финалињата не се играат, тие се добиваат и делумно се во право. Но, сепак треба да играте добро за да победите. Свесни сме како можеме да го победиме противникот, ги анализиравме. Јас сум на местото каде што секој Аргентинец сака да биде, го живеам сонот и горд сум на тоа“, изјави Скалони.