Гостивар им се врати на победите, лесно се справи со Кожув!

63

По поразот од Еуро Никел после продолжение, кошаркарите на Гостивар се исправија, на домашен терен го совладаа Кожув со 100-83 во рамките на 10. коло во Првата лига.

Домашниот тим во салата „Младост“ не дозволи изненадување, лесно се справи со гевгелискиот состав нанесувајќи му го седмиот пораз, трет во низа.

Кожув го доби првиот период со минимални 16-17, на другата страна Гостивар одговори со добра игра во втората четвртина, па на одморот замина со предност од 43-30.

Ова водство се покажа како доволно во продолжение на мечот, домашниот тим го задржа ритамот, на крајот сосема заслужено се радуваше на победата.

Пипкинс со 25 поени, пет скока и шест асистенции беше прв стрелец, зад него беше Вучковиќ со 19 поени. На другата страна Ризвиќ имаше 24 поени.

ПретходноСкалони: Финале се игра за да се победи, а за тоа треба да одиграте добро
СледноТухел добил понуда да биде селектор на африкански гигант