Белгија си „гази“ на ЕП, ja победи и Данска и завери осминафинале (видео)

322

Фото: Официјален Твитер профил на УЕФА ЕУРО 2020

Репрезентацијата на Белгија се пласира во осминафиналето на ЕП откако вечерва ја запиша втората победа во групната фаза. По оној висок триумф над Русија, вечерва Белгијците ја урнаа Данска и тоа на „Паркен“ во Копенхаген со 2:1.

Данците поведоа рано, во 2. минута од мечот преку Јусуф Поулсен што беше втор најбрз гол во историјата на Европските првенства.

Меѓутоа изедначувањето стигна преку Торган Азар во 55. минута, за потоа повратникот Кевин де Брујн по одличната акција на своите соиграчи со прецизен удар го совлада Шмајхел. Во продолжение на мечот Данците погодија статива преку Бравхајд, но не успеаа да го сменат резултатот.

Белгија победи со 2:1 и отиде понатаму. Данците имаат два порази затоа што загубија во првото коло од Финска.

ПретходноПотврдено: Струга ТЛ и Лена се разделија!
СледноЕшли Јанг по 10 години се врати во Астон Вила