Број еден скијачката во моментов, Михаела Шифрин е победник на денешниот супер велеслалом кој се одржа во Сент Мориц. По вчерашниот спист денеска се возеше за нијанса поспората дисциплина во која Шифрин издоминира.
Американката стигна до триумф со време од 1:13.62 , што беше за дванаесет стотинки подобро од времето на Елена Кутрони од Италија која беше втора.
Трета на подиумот се искачи Роман Мирадоли од Франција која доцнеше 40 стотинки зад Шифрин.