ПОЛУВРЕМЕ: Аргентина поблиску до трофејот! Meси и Ди Марија за предност од 2:0 (видео)

65

Заврши првото полувреме од финалето меѓу Аргентина и Франција, а јужноамериканската селекција има супер водство.

Репрезентацијата на Аргентина води со 2:0 и е многу блиску до светската титула. Во 11 соочување меѓу европска и јужноамериканска селекција во финалињата на Мундијалите, „гаучосите“ имаат одлично водство кое ги носи до тронот на кој чекаат да се качат уште од 1986 година.

Меси од пенал ја доведе Аргентина во водство, а во 36 минута после фантастичен контра напад, Мекалистер истрча сам кон голот на Франција но несебично подаде на другата страна до Ди Марија кој рутински ја смести топката зад грбот на Лорис.

Французите беа толку непрепознатливи што селекторот Дидие Дешамп во 41 минута направи двојна измена. Излегоа Жиру и Дембеле, а влегоа Маркус Турам и Коло Муани.

Аргентина има 2:0, а Французите имаат двојно потешка задача во вториот дел.

Argentina [1] – 0 France – Lionel Messi 23′

Dec 18, 2022

Argentina [2] – 0 France – Angel Di Maria 36′

Dec 18, 2022

ПретходноГООООЛ! Лео Меси носи предност за Аргентина! (видео)
СледноКубацки со победа во Енгелберг, следува турнејата „Четири скокалници“