Многу познати фаци беа во ложите на „Лусаил“ додека се играше финалето на СП во Катар меѓу Аргентина и Франција. Тука беа и Новак Ѓоковиќ, Златан Ибрахимовиќ, Хабиб Нурмагомедов, Пол Погба и Хавиер Пасторе во друштво со Насер Ел-Келаифи, претседателот на ПСЖ кој “тежи“ 8 милијарди долари.
Фантастично фото со мега – познати спортски фаци во друштво на еден од оние кои “дрмаат“ со фудбалот во светот кој се покажа како одличен домаќин.