Уште еден срамен момент од соблекувалната на Аргентина, навреди и за Камавинга (ВИДЕО)

3376

И по завршување на финалето од соблекувалната на Аргентина видовме уште едно скандалозното славје. Новиот светски првак овој шампионат го заврши како што почна, со моменти кои се далеку од фудбалски.

Покрај голманот на „гаучосите“, Мартинез кој во еден момент побара минута молчење за Клијан Мбапе, во јавноста се посрамоти и Кун Агуеро, кој беше специјален гостин во соблекувалната на Аргентина.

Поранешниот напаѓач го навреди Едуардо Камавинга. Агуеро прославата ја пренесе на Инстаграм, а во еден момент претера велејќи: „Ова е за Камавинга, к**ова глава…“. Навистина, непотребно и безобразно.

ПретходноМартинез даде објаснување за срамното однесување!
СледноВтората турнирска фаза во „ЗАВРТИ И ПОБЕДИ“ на 2win.mk  заврши, следива СРЕЌНО ТРКАЛО