Синиша Михајловиќ ја загуби битката со леукемијата. Легендарниот фудбалер и тренер, во петокот го напушти овој свет.
Популарниот Миха денеска ќе биде погребан во Рим. На погребната серемонија која е закажана во 11 часот почнаа да пристигнуваат голем број на фудбалски легенди, членови на генерацијата на Црвена Звезда која заедно настапуваа со Михајловиќ.
Хрватските фудбалери Роберт Просинечки и Звонимир Бобан испратија венец со порака: „Збогум Миха! Твои Роби и Белс“, а има и венци испратени од други клубови од Серија А, прославени играчи, тренери, спортски работници…
Пристигна и кумот на Михајловиќ Дејан Станковиќ, кој беше скршен, неговиот пријател замина во вечноста.