Одбојка

Работнички ќе биде двапати гостин кај Лугој во 1. коло од ЦЕВ Челинџ Купот

Македонскиот одбојкарски првак во женска конкуренција, екипата на Работнички, и двата меча од првото коло во ЦЕВ Челинџ Купот против екипата на Лугој од Романија ќе ги одигра на гостински терен. Двата тима беа во преговори за двата меча...

Првиот ривал на Македонија на ЕП со последни контроли: Данците со победа и пораз...

Првиот и еден од клучните ривали на македонската одбојкарска репрезентација на претстојното Европско првенство во Скопје, селекцијата на Данска, оствари победа и пораз на првите две контролни средби против соодветната селекцијата на Хрватска. Данците се гости на Хрватите во...

Одбојкарите се враќаат на тренинг, следува финалната недела од подготовките за ЕП 2023

По ден пауза по учеството на Меморијалот „Чајка“ во Скопје, од денеска нашите одбојкари се враќаат со редовни тренинзи во СЦ „Борис Трајковски“ во продолжението од подготовките за настапот на Европското првенство. Избраниците на селекторот Јошко Миленкоски веќе завршија...

Бен Талеб се враќа во Струмица, шампионот преговара и со коректор од Унгарија

Македонскиот одбојкарски шампион Струмица полека се обидува да го состави ростерот за новата сезона во која ги очекува уште едно големо европско искуство со настапот во првата фаза од натпреварите во ЦЕВ Лигата на шампионите. Струмичани од 27 до...

Македонија ќе има и свој судија на Евроволеј 2023, Ристовски ќе суди во Израел

Нашиот одбојкарски судија Влатко Ристовски ќе биде дел од судискиот колегиум кој ќе ги суди натпреварите на претстојното Европско првенство во машка конкуренција. Додека македонската репрезентација во Скопје ќе биде домаќин на групата „Ц“ од Евроволеј 2023 и ќе...

„Чајка“: Грците не ни оставија ниту сет, Јапонија подобра од Египет

Со убедлив пораз од 0:3 (23-25, 22-25, 16-25) од селекцијата на Грција, македонската одбојкарска репрезентација го заврши настапот на Меморијалот „Чајка“ во Скопје. Последниот меч кој беше и последна проба на нашата селекција пред Европското првенство го одигравме со...

Маџунков има повреда на коленото, ќе паузира за да биде „фит“ до ЕП 2023

Македонската одбојкарска репрезентација и вечерва на завршниот натпревар на Меморијалниот турнир „Чајка“ во Скопје ќе мора да настапи без нашиот прв среден блокер Филип Маџунков. Новото засилување за белгиски Лувен се повреди на првата средба против Јапонија, поради што...

„Чајка“: Драма со среќен крај и победа за Македонија, Грците запишаа прв успех

Македонската одбојкарска репрезентација ја оствари првата победа на 47. издание на Меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски - Чајка“, откако вечерва во драматичен меч во пет сета со 3:2 (25-22, 22-25, 21-25, 25-23, 16-14) славеше над селекцијата на Египет. За разлика од...

„Чајка“: Јапонците не збришаа во три сета, Египет ја победи Грција

Одбојкарската репрезентација на Македонија со убедлив пораз од 0:3 (20-25, 18-25, 22-25) од Јапонија го започна настапот на 47. издание на Меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски - Чајка“. Во СЦ „Борис Трајковски“ вечерва избраниците на Јошко Миленкоски во бледо издание...

Првиот човек на европската одбојка Боричиќ доаѓа во Скопје на отворањето на ЕП 2023

Првиот човек на европската одбојка, претседателот на ЦЕВ, Александар Боричиќ и потпретседателот на Европската одбојкарска конфедерација, Италијанецот Ренато Арена најавиле доаѓање во Скопје на отворањето на натпреварите од групата „Ц“ на Европското првенство чиј ко-организатор е Македонија. На 30 август...

Најпопуларни во 7 дена

Нaјнови вести