Други спортови

Првиот човек на европската одбојка е во Скопје: Боричиќ гостин на отворањето (ФОТО)

Првите двајца луѓе на европската одбојка, претседателот на ЦЕВ, Александар Боричиќ и генералниот секретар Ренато Арена вечерва пристигнаа во Скопје на отворењето на натпреварите од групата „Ц“ на Европското првенство чиј домаќин е Македонија. Боричиќ и Арена самите изразиле желба...

ФФМ со поддршка за одбојкарите: Напред Македонија! (ФОТО)

Ете тоа така се прави. Во пресрет на првиот меч, вечерва од 20 часот во Арената “Борис Трајковски“, од ЕП за одбојка во Скопје, на Македонија со Данска, Фудбалската федерација на Македонија се огласи на своите социјални мрежи. Со она...

Дресовите на одбојкарите кријат моќна порака: „Ние сме Македонци“! (ФОТО)

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва од 20 часот го почнува настапот на Европското првенство во Скопје. Момците на Јошко Миленкоски јуришаат на прва победа на третото европско првенство на кое нашата селекција избори пласман. Овој пат како домаќини во Скопје...

Стартна победа на Стоилковска и во двојки на фјучрсот во Србија!

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска по вчерашниот триумф во сингл, денеска со победа ги почна мечевите и во конкуренција на двојки на фјулрсот во Куршумлијска Бања, Србија (награден фонд 15.000 долари). Заедно со Романката Сабина Дадациу (која ја победи вчера...

Против Данска вечерва ни судат арбитри од Романија и Лихтенштајн

Романско-лихтенштајнска комбинација на судиските позиции за вечерашниот прв меч на македонската одбојкарска репрезентација на Европското првенство. Дуелот против селекцијата на Данска ќе го суди романскиот интернационалец Каталин Сабо-Алекси како прв судија, додека за втор судија на мечот е делегиран...

Јошко ги одбра 14-те одбојкари со кои ќе бие битка за осминафинале на ЕП...

Нашите одбојкари вечерва го почнуваат Европското првенство во Скопје со меч против Данска. Шесте репрезентации кои ќе играат во групата „Ц“ во Скопје веќе пристигнаа во нашиот главен град, а по техничките состаноци вчера познати се комплетните ростери со...

ШК Алкалоид со нова победа продолжува кон зацртаната цел

Најтрофејниот шаховски клуб во Македонија непоколебливо продолжува кон освојување на својата 25. титула на 31. издание од Екипното првенство во шах, кое се игра во Охрид. Очекуваната победа на ШК Алкалоид во дуелот со аутсајдерот Анпасан СЕС од Шипковица беше...

Маџунков е „фит“: Повредата е минато, вечерва со сите сили на Данска

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Филип Маџунков имаше мала повреда во подготвителниот период  до почетокот на ова Европско првенство, па извесен период мораше да го помине во мирување. За денешниот премиерен меч на евроволеј 2023 во Скопје, нашиот среден блокер ќе...

Ден за историја! Македонија против Данска, првпат како домаќин на Европско првенство

Ден за историја! Македонската одбојкарска репрезентација вечерва (20 ч.) по третпат едноподруго ги започнува настапите на континенталната завршница на најдобрите репрезентации, но за првпат пред домашна публика, како организатор на едно европско сениорско натпреварување. Македонија и Скопје ја добија организацијата...

Холандија и Италија се првите полуфиналисти на женското ЕП 2023

Одбојкарките на Холандија и Италија се првите патници во полуфиналето на Европското првенство во женска конкуренција. Во првиот четвртфинален натпревар во Фиренца, Холанѓанките ја победија Бугарија со 3-0 (25-11, 25-13, 25-19) и сега ги чека полуфиналната пресметка со подобрата...

Нaјнови вести