Домашно првенство

Кожув по изненадување во Скопје, Феникс во Битола!

Денеска ќе се одиграат последните два меча од првите четвртфинални пресметки во плеј-офот. Бранителот на титулата, МЗТ Скопје е домаќин на Кожув. Кошаркарите на Драган Николиќ се фаворити, но ќе мораат да бидат внимателни и покрај победите во претходните средби...

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ-ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ: Стружанки изедначија против Бадел!

Кошаркарките на Струга 2009 го добија и вториот меч против Бадел 1862, пред своја публика славеа со 79-61 и изедначија на 2-2 во полуфиналната серија. Патникот во финалето ќе биде решен со „мајсторка“, а таму чека Баскет Кам. Стружанки одиграа...

ПЛЕЈ-АУТ ЛИГА: Академија ФМП направи чекор напред кон безбедната зона

Кошаркарите на Навико Академија ФМП беа подобри од Куманово (78:68) и побегнаа уште еден чекор напред кон безбедната зона. Добар дел од работите за овој и тоа како важен триумф домашните кошаркари завршија во првите десет минути. Оние во кои...

Еуро Никел со цел плен од „Кале“, Гостивар поведе против Работнички!

ТФТ и Еуро Никел одиграа одличен натпревар, дуелот беше изедначен во првите три четвртини. Благодарение на добрата игра во последниот период кавадарчани славеа со 63-70 и поведоа со 1-0 во четвртфиналето на плеј-офот. Избраниците на Горан Самарџиев во последната четвртина...

Стартува вистинското: МЗТ Скопје го брани тронот, седум тима го „меркаат“!

Денеска стартува плеј-офот осум екипи се во трката за посакуваниот пехар. МЗТ Скопје е бранител на тронот, прва пречка во четвртфиналната серија подобар во три меча е тимот на Кожув. Предводникот на „сино-белите“, Драган Николиќ има на располагање добар „арсенал“...

Ангели чекор поблиску до елитата, за финале ќе се борат против Вардар!

Екипите на Ангели и Вардар се првите полуфиналисти во битката за пласман во Првата лига. Овие два тима ќе се борат за место во финалето. Кошаркарите на Ангели дојдоа до вториот триумф против Водно Санс, на гостински терен славеа со...

Баскет Кам експресно до финалето!

Баскет Кам со 3-0 го реши полуфиналето против МЗТ Скопје Аеродром, на гостински терен славеше со 83:48. Овој дуел беше решен во првото полувреме. По првата четвртина, гостинскаат екипа поведе со 21-12, додека пак на одморот позитивата беше двоцифрена 43-17....

Документ кој јасно кажува како МКФ стана КФСМ и кој е вистинскиот „кум“!

Кошаркарската федерација на Македонија е една од ретките федерации коja направи промена на името, откако и нашата земја беше принудена да го стори истото. МКФ на 30. април 2019 година стана Кошаркарска федерација на Северна Македонија, момент кој на никого...

ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: МЗТ Скопје испушти голема шанса за „брејк“ во серијата со Вардар!

Мошне драматичен натпревар, прв во четвртфиналната серија од плеј-офот во Втората лига-мажи одиграа екипите на Вардар и МЗТ Скопје Уни Банка. Победникот беше решен буквално во последната секунда. Односно кога Спасовски не погоди (од добра позиција во рекетот) за победа...

ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ-ПЛЕЈ-ОФ: Бадел 1862 на чекор до финале!

Бадел 1862 поведе со 2-0 во полуфиналната серија од плеј-офот, откако на домапен терен славеше со 51-44. По изедначената прва четвртина (13-13), скопскиот тим во следниот период ја направи клучната разлика, на одморот поведе со 28-17. Бо продолжение Бадел знаеше...

Нaјнови вести