Домашно првенство

Јончевски останува во Гостивар

Гостивар почна да го гради тимот за следната сезона. Раководството на клубот почна од тренерското место, одлучи да ја продолжи соработката со Александар Јончевски. Младиот стратег во Гостивар дојде пред крајот на сезоната на местото на Марјан Србиновски. Јончевски ќе има...

Во драматичен финиш МЗТ Скопје ја доби првата битка од финалето на плеј-офот

МЗТ Скопје Аеродром со 83:81 ја обезбеди првата победа во финалната серија од домашниот кошаркарски плеј-оф. Во својата сала, „штрковите“ во исклучително драматичен финиш, успеаја да ја одржат разликата која ја направија во првите три четвртини и на крајот...

Самараџиев: Ќе уживаме во секоја минута на теренот

МЗТ Скопје и Еуро Никел после девет години одново се најде во финалната битка за титулата во македонскиот шампионат. Првиот меч на програмата е денеска (19 часот), а предноста на домашен терен ја има тимот од Аеродром. Кавадарчани на патот...

Официјално: Баскет КАМ и Бадел 1862 ќе играат во WABA лигата

Шампионскиот тим и освојувачот на македонскиот женски кошаркарски куп - ЖКК Баскет Кам, и нивниот противник во двете финални серии, екипата на Бадел 1862, во следната натпреварувачка сезона 2021/2022, ќе играат во WABA, односно Јадранската лига. Неполни два дена по...

После девет години МЗТ Скопје и Еуро Никел одново во битката за тронот

По една година пауза поради коронавирусот, македонската кошарка ќе добие шампион. Финалето во плеј-офот стартува денеска (19 часот) во СЦ „Јане Сандански“, главни актери се МЗТ Скопје и Еуро Никел. Овие два тима последен пат во завршната фаза во домашниот...

Глигоријевиќ и Ѓорѓиевски продолжуваат со Куманово

Куманово денеска потврди дека го продолжи договорот со центарот Стеван Глигоријевиќ. Тој ќе остане во дресот на Куманово уште една година. Глигоријевиќ лани се пресели во синиот дрес на кумановци од екипата на Работнички и оствари солидна сезона. 24-годишниот кошаркар...

Ковачевска: Го плативме цехот на пандемијата, ова е успешна сезона за Пелистер

Пелистер, еден од главните кандидати за титулата оваа сезона не успеа да стигне до титулата. Иако битолскиот состав имаше супериорен старт и како лидер го заврши регуларниот дел, по Купот на Македонија, падна и во плеј-оф серијата. По вчерашниот втор...

Без дилеми: МВП признанието за Митрашиновиќ

Немаше многу дилеми околу изборот на најкорисниот играч во финалната серија во битката за титулата кај дамите. Анџелика Митрашиновиќ беше лидер на Баскет Кам, на последната средба беше на еден скок до трипл-дабл, зад своето име запиша На 24 поени...

Баскет Кам испиша историја, ги обедини титулите

Екипата на Баскет КАМ е новиот шампион на Македонија. Кошаркарките од Македонска Каменица беа подобри од Бадел 1862 во големото финале со 86-66 за конечни 3-1. На овој начин Баскет Кам испиша историја, оваа сезона ги освои двата трофеи. Анжелика Митрашиновиќ...

МЗТ Скопје по брза постапка го реши Пелистер за финале (ФОТО)

МЗТ Скопје е вториот финалист во плеј-офот. Тимот од Аеродром по брза постапка го реши Пелистер, на втората средба славеше со 89-78 за конечни 2-0, во битката за титулата за противник го има составот на Еуро Никел. Овие два...

Најпопуларни во 7 дена

Нaјнови вести