Хамбургер испадна од трката по место во Бундес, шеста сезона по ред ќе игра...
Некогашниот европски и шесткратен германски шампион, Хамбургер остана без шанса за пласман во Бундес лигата откако беше поразен од Падерборн (1:0) во меч од 33 коло на Втората лига.
Со тоа ХСВ остана на четвртото место на табелата со 55...
Еден од најдобрите напаѓачи на Германија го пропушта ЕП 2024?
Германија како домаќин на претстојното европско првенство има амбиции да го освои трофејот. Селекторот Јулијан Нагелсман можеби ќе мора да биде без еден од најдобрите напаѓачи поради повреда на левата нога.
Серж Гнабри се повреди на натпреварот од полуфиналето на...
Чаби Алонсо по новиот подвиг: Ги погледав играчите во очи…
Шпанскиот стручњак Чаби Алонсо даде интересна изјава откако неговиот Баер Леверкузен повторно се спаси од пораз во последните моменти, но и се пласираше во финалето на Европската лига.
Во реванш полуфиналето на Европската лига синоќа се сретнаа Баер Леверкузен и...
Ваква сезона Баерн нема доживеано од 2012 година
Ова е прва сезона за Баерн по 12 години, односно по 2011/2012 година, во која не освоија ниту еден трофеј. Прво, избраниците на тренерот Томас Тухел во Бундеслигата се на второто место зад новиот шампион Баер Леверкузен, кој стави...
Кимих сака да оди во Барселона, но Каталонците немаат пари за трансфер
Играчот од средниот ред на германската репрезентација и еден од најдобрите фудбалери на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, останува заинтересиран за трансфер во Барселона. Ова го објави новинарот Феран Кореас.
Според него, Кимих чека да ја види финалната понуда од Барселона....
Леверкузен за 26 мај ја закажа шампионската забава!
Раководството на новиот германски шампион и офицјално објави дека за 26 мај ја закажа големата шампионска забава која ќе се одржи на “Бај Арената“ во Леверкузен за да потоа истата да продолжи по улиците на градот.
Интересно е тоа што...
Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица!
Ненад Бјелица не е повеќе тренер на Унион Берлин. По слабите резултати под негово водство на тимот, а посебно по поразот од Бохум дома во еден од решавачките мечеви во битката за опстанок, раководството на бундеслигашот одлучи да му...
Уште еден тренер го одби Баерн Минхен!
Томас Тухел се договори со Баерн Минхен да се разделат на крајот од сезоната во која Баварците можат само да ја освојат Лигата на шампионите, но прво треба да го исфрлат Реал Мадрид. Во среда го играат реваншот на...
Солзавец и пиротехника: 155 полицајци повредени на меч од Регионалната лига во Германија (ВИДЕО)
Најмалку 155 полицајци се повредени во нередите кои ги предизвикаа навивачите на натпреварот меѓу Динамо Берлин и Енерџи Котбус во германската Регионална лига, соопшти берлинската полиција.
Полицијата соопшти дека при вдишување на солзавец испукан од полицијата за да се спречат...
Момците на Алонсо не знаат за доста, го декласираа и Ајнтрахт во Франкфурт
Иако одамна ја обезбедија првата и историска титула во Бундеслигата, фудбалерите на Баер Леверкузен продолжија да ги поместуваат границите во оваа неверојатна сезона.
Тие денеска гостуваа во Франкфурт и го декласираа Ајнтрахт со 5:1, во натпреварот од 32. коло. Ова...















