Италија

Полувреме: Еуфорија на “Меаца“, супер Интер си го “делка“ Милан! (ВИДЕО)

Интер – Милан 2:0 по првите 45.минути во вечното дерби на Милано, на италијанскиот фудбал. Еуфорија на преполниот “Џузепе Меаца“ каде фановите на Интер и тоа како имаат право да бидат задоволни. Прво Мкхатријан погоди во 5.минута, потоа Интер имаше...

Влаховиќ со два гола му донесе победа на Јувентус над Лацио

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ постигна два гола во триумфот на Јувентус над Лацио со 3:1 во 4.коло на Серија А. Србинот го отвори резултатот со погодокот во 10 минута, зголеми Федерико Киеза во 26 минута. Во 64 минута Луис Алберто...

Деби на Несторовски за Асколи со пораз од поранешниот клуб

Македонскиот напаѓач Илија Несторовски играше за Асколи на дуелот со Палермо во рамките на Серија Б. Несторовски влезе во игра во 56 минута на мечот против својот поранешен клуб Палермо, но Асколи доживеа пораз од 0:1. Единствениот гол падна во...

Роналдо ќе го тужи Јувентус за неисплатени плати

Италијанскиот печат денеска пренесува дека Кристијано Роналдо ќе го тужи Јувентус за неисплатени, 19.9 милиони евра за време на Ковид пандемијата. Газета Дело Спорт вели дека Роналдо веќе разговарал со надлежни околу евентуалниот процес и дека е подготвен да покрене...

Хандановиќ објави пензионирање, но ќе остана и натаму во Интер

Словенечкиот голман Самир Хандановиќ ја заврши својата богата фудбалска кариера, но се очекува и во иднина да остане во редовите на неговиот долгогодишен клуб, Интер. Како што вчера објавија од клубот, а и самиот Хандановиќ потврди, навивачите на Интер...

ФАКТИ пред 238. миланско дерби: Петтипат во 2023 година, Лаутаро како Џузепе Меаца…

Милано се подготвува за големото дерби. Утре (18 ч.) Интер и Милан ќе ги „вкрстат копјата“ во првото големо дерби од новата сезона. Во пресрет на дуелот на „Меаца“, еве 10 интересни факти за досегашните пресметки на лутите градски...

Бонучи: Јувентус и Алегри ме излажаа и ме понижија до бескрај (ВИДЕО)

Поранешниот играч на Јувентус, Леонардо Бонучи даде ексклузивно интервју за италијанската телевизија Медиасет. Ветеранот кој летото „бјанконерите“ го прогласија за непотребен и се пресели во Унион Берлин, ги нападна тренерот Масимилијано Алегри и раководството на торинскиот клуб. „Читав и слушнав лажни...

Хандановиќ ја завршува кариерата

Словенечкиот голман Самир Хандановиќ ќе ја зарши својата фудбалска кариера. 39-годишниот чувар на мрежата го напушти Интер по завршување на сезоната 2022/23 затоа што му истече договорот. Клубот не му го продолжи и од тогаш Хандановиќ е слободен играч,...

Јувентус му ја „замрзна“ платата на Погба

Јувентус ја замрзна платата на Пол Погба и ќе заштеди околу 30 милиони евра доколку Французинот биде прогласен за виновен за допинг, пренсува „Газета дело Спорт“. Доколку дојде до неповолен исход, клубот од Торини автоматски ќе го раскине неговиот договор....

Постариот син на Малдини ја завршува кариерата на 27 години

Кристијан Малдини, постариот син на легендарниот дефанзивец на Милан, Паоло Малдини, ќе ја заврши фудбалската кариера на само 27 години. Кристијан кој игра како централен бек ја почна кариерата во младинските категории на Милан, но потоа замина да гради...

Најпопуларни во 7 дена

Нaјнови вести