Митревски одново во ТОП 5 одбрани (ВИДЕО)
Нашиот репрезентативен голман Никола Митревски со одбраните на вчерашниот меч против Данска се најде во ТОП 5 одбраните на вчерашното, инаку последно коло од групната фаза од Европското првенство во Унгарија.
Македонија и вчера, како и во претходните две кола...
И Шпанија со порака до Новак, која нема да му се допадне!
Продолжуваат лошите вести за Новак Ѓоковиќ. По депортацијата од Австралија, по најавата за повлекувањето на спонзорите, по шокантната изјава од властите во Франција дека без вакцина нема да може да игра на Ролан Гарос, најновата е онаа од Шпанија.
Имено...
СТАТИСТИКА ПО ЕП: Цветан Кузманоски е прв стрелец и единствен „пеналџија“
Ова Европско првенство останува да биде едно големо искуство. Македонија тргна со верба, но немаше среќа ниту со Ковид-19, ниту со повреди. Лазаров, Манасков, Марковски, потоа Маџовски, на крајот и Кузмановски, сите имаа проблем со повреди. Митревски ја прескокна...
Почина ИКОНАТА на Реал Мадрид – Франциско Генто!
На 88 години почина една од најголемите легенди на Реал Мадрид, ИКОНАТА на “кралевите“ - Франциско Пако Генто. Човек кој сеуште го држи рекордот во освоени титули во Купот на Шампионите, вкупно шест, и сите со Реал Мадрид.
Генто беше...
Висар Муслиу пред промоција во Инголштад!
Висар Муслиу е на пат да ја промени средината. Имено по МОЛ Фехервар и Унгарија, сега на ред за нашиот репрезентативен стопер е Германија. Како што велат нашите информации, Муслиу е во завршни преговори со Инголштад, екипа од втората...
Судиската организација во Италија му се извини на Милан за вчерашниот скандал! (ВИДЕО)
И тоа го има во фудбалот, а посебно во Италија. Имено судиската организација во таа земја и официјално му се извини на Милан за скандалот што се случи синоќа на мечот со Специја. Да се потсетиме, се играше финишот...
Мишевски: Благодарност до публиката, треба верба, оваа генерација има иднина
Марко Мишевски како и сите останати ракометари од Дебрецен заминаа со тешко срце. Посакуваа многу повеќе, но реалноста беше поинаква. Сликата од Дебрецен вели дека Македонија ќе мора да биде трпелива за да игра на нивото на кое сме...
Роналдо гласаше за Левандовски, Меси не….
Роберт Левандовски е најдобриот фудбалер во светот за 2021 година во изборот на ФИФА, поточно наречен „The Best“. Познато е дека своите гласови за тоа кој ќе биде најдобар ги даваат и капитените на сите репрезентации во светот.
Кристијано Роналдо,...
Пешевски: Квалитетот на оваа селекција ќе дојде до израз на следните натпревари!
Жарко Пешевски на мечот со Данска одигра навистина добро во нападот. Во шест наврати ја затресе мрежата на противникот, сепак тој смета дека кога ќе се загуби не е важно кој колку гола дал.
Да се потсетиме дека Македонија на...
Чао Дебрецен: Ракометарите се спакуваа – после полноќ летаат за Скопје (ФОТО)
Македонската ракометна репрезентација ги спакува куферите. Кирил Лазаров и неговите момци после полноќ со чартер лет ќе тргнат за Скопје.
Со горчина го напуштаат Дебрецен, немаа среќа да дојдат до една победа. Иако желбите беа големи кај сите - реалноста...
















