ПМФЛ: Пенал – победа за “лавовите“ во битката за Европа, фантастичен гол на Босанчиќ...
Завршија и денешните четири меча од 30.коло во ПМФЛ. Супер интересно беше на дербито во Ѓорче, во битката за Европа во кое победи Македонија ЃП со 1:0 против А. Пандев. Големи три бода за “лавовите“ и тоа преку пенал...
Полувреме во ПМФЛ: Сефер Емини промаши пенал на дербито во Ѓорче, голови само во...
По првите 45.минути на денешните четири меча од 30.коло во ПМФЛ, голови има само во Битола, на мечот Пелистер – Тиквеш каде резултатот е 1:1. Каракамишев донесе водство на домашните уште во раната фаза од средбата, додека Драгарски го...
ПМФЛ: Во Ѓорче “пресметка“ за Европа, а во Битола “братско дерби“…
Денеска од 17 часот на програмата се преостанатите четири натпревари од 30.коло во ПМФЛ. Секако дека најинтересно ќе биде во Ѓорче, каде Македонија ЃП и А.Пандев ќе бијат битка за излез во Европа. Имено ако “лавовите“ победат тогаш тие...
Касами: Струга ТЛ може до позитивен резултат на гостувањето кај Ренова!
Попладнево во меч од 30.коло во ПМФЛ, фудбалерите на Струга Трим Лум ќе и гостуваат на Ренова. Силите ќе ги одмерат две квалитетни екипи од кои се очекува да одиграат квалитетен меч.
Струга Трим Лум по убедливата победа над Пелистер...
Штипјани им честитаа на чаирчани: Шпалир и подароци за новиот шампион (ФОТО)
Новиот македонски шампион, Шкупи, на денешното гостување во Штип против екипата на Брегалница доби заслужени честитки за освоениот наслов. Штипјани ги пречекаа новите шампионски со шпалир, аплаузи и пригодни подароци.
ПМФЛ: Брегалница го “урна“ шампионот, Шкендија славеше со Работнички!
Одличен меч во Штип, во кој Брегалница со 4:1 успеа да го победи Шкупим, новиот шампион на Македонија. И двете екипи одиграа квалитетно, напаѓачки, но “сините“ ги користеа своите шанси, постигнаа два гола од белата точка и успеаја да...
Полувреме во ПМФЛ: Адетунџи го користи “киксот“ на Денковски за 1:1, без голови под...
Завршија првите полувремиња на двата меча во ПМФЛ од 30.коло кои се играат попладнево. Во Штип, каде гостува новиот шампион, тимот на Шкупи, резултатот по првите 45.минути е 1:1. Брегалница со голот на Џокиќ во 15.минута дојде во водство...
За Работнички почнува Матеј Ангелов
Со 17. години за прв пат за тимот на Работнички на денешниот меч против Шкендија на гостински терен во рамките од новото ПМФЛ коло ќе стартува капитенот на У18 репрезентацијата на Македонија, Матеј Ангелов. Ова ќе биде деби на...
Бејтулаи: Сега секој меч е многу важен, очекувам Шкендија да го победи Работнички
Откако и официјално Шкендија ја загуби титулата, сега сите во таборот на тетовци се мобилизирани во една цел, а таа е по секоја цена да се излезе во Европа. Да се избори пласман во квалификациите за Лигата на Конференции.
А...
Трапановски: Без разлика што сме шампиони, на мечот со Брегалница одиме на победа
На четири кола до крајот во ПМФЛ, екипата на Шкупи и официјално е шампион. Сега до крајот останува момците од Чаир да одиграат за своја душа, да одиграат професионално како што беше досега. Секако дека така и ќе биде...





















