Висар Муслиу потпиша за Падерборн
Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу е нов играч на тимот на Падерборн. Стоперот покрај тоа што ја менува екипата, ја менува и лигата, затоа што од третата лига, се преселува во популарната германска „Цвајта“.
Со ова, Муслиу решава и тоа како...
Суад Сахити нов играч на Шкупи
Некогашниот играч на Работнички, Суад Сахити е нов член на тимот на Шкупи. Интернационалецот по подолго време се враќа во Македонија, откако направи добар круг околу Европа и играше за Скендербег, АЕЛ, Септември Софија, Висла, Зрињски, Шибеник и Лапи,...
Работнички во среда ги „пали“ моторите!
Тимот на Работнички в среда, со почеток во 17 часот, ќе ги стартува подготовките за новата сезона 2023/24. Шефот на стручниот штаб Милан Илиевски во клупската база ќе го има првиот собир со фудбалерите, а потоа тимот ќе стартува...
Од денеска и официјално – „Академија Пандев Брера Струмица“
Академија Пандев од денеска се ребрендира во Академија Пандев Бререа Струмца, откако новиот партнер на струмичкиот тим ги купи 90% од акциите на македонскиот тим.
Оваа промена од Академија Пандев ја споделија на својата официјална „Фејсбук“ страница.
„По купувањето на 90...
Познати се термините на мечевите на нашите екипи во 1.квалификациско коло во ЛШ и...
Откако во вторникот беше извршена ждрепката за 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите и Лигата на Конференции, сега веќе и дефинитивно се знаат термините на европските натпревари и на нашите екипи.
Струга ТЛ во 1.квалификациско коло во ЛШ се среќава...
Второлигашот Детонит се засили со Рушити
Македонскиот второлигаш Детонит Плачковица објави дека ги засилил своите редови со 22-годишниот фудбалер Сухејб Рушити. Тој минатата сезона беше дел од тимот на Гостивар кој избори промоција во ПМФЛ, а по завршување на сезоната тој заедно со уште неколкумина...
Валенти ќе биде новиот тренер на Академија Пандев Брера
Италијанскиот стратег Џовани Валенти ќе биде новиот стратег на струмичкиот прволигаш Академија Пандев Брера. Нашиот фудбалски ас Горан Пандев вчера изјави дека е нов претседател на клубот и најави дека екипата ќе ја предводи италијански тренер, а се работи...
Каланоски ќе напаѓа за Силекс
Тимот на Силекс најверојатно како летно напаѓачко засилување ќе го доведе искусниот Антонио Каланоски. Тој во изминатата сезона за тимот на Гостивар постигна 25 гола, што секако е добра препорака следната сезона да настапува во ПМФЛ.
Иако Каланоски имаше понуди...
Искусен лев бек од Албанија пред потпис со Струга ТЛ
30-годишниот лев бек на албански Билиш, Ванѓел Згуро ќе биде ново засилување за шампионот Струга ТЛ. Стружани се во завршни разговори за комплетирање на трансферот на Згуро, кој го заврши договорот со Билиш по завршувањето на актуелната сезона и...
Работнички го продаде младиот Фетаи во Локомотива Загреб
Уште еден „бисер“ на ФК Работнички кариерата ја продолжува во странство. Како што објавија од клубот, младинскиот репрезентативец Фета Фетаи кариерата ќе ја продолжи во Хрватска, во тимот на Локомотива Загреб.
Двата клуба ги договорија деталите околу трансферот, а фудбалерот...
















