Европски купови

Селекторот на Србија седнува на клупата на Партизан!

Селекторот на српската ракометна репрезентација, Тони Џерона ќе биде нов тренер на Партизан. Шпанскиот стратег на клупата на „црно-белите“ доаѓа на местото на Дарио Кржељ, кој не успеа да го донесе трофејот во домашниот шампионат. Џерона и раководството на Партизан...

Уште едно финале за Начевски и Николов!

Македонската судиска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе го судат финалето на Азиското клупско првенство кое се игра денеска. Двајцата македонски судии кои беа единствените странски арбитри на овој настан кој се одржува во Иран ќе ја делат правдата...

Кастратовиќ нов селектор на Саудиска Арабија!

Зоран Кастратовиќ останува во Саудиска Арабија, земја која во последните неколки години многу вложува во зголемување на нивото на спортот. Поранешниот селектор на Црна Гора и предводникот на македонскиот женски национален тим го презеде кормилото на репрезентацијата на Саудиска Арабија....

Чаневски го освои шампионскиот пехар во Израел!

Градимир Чаневски ја освои шампионската титула во Израел, откако со својот Макаби Ришон Лезион откако го доби петтиот финален меч против Хапоел Ашдод со 26-25. За Макаби ова беше 17-та титула во историјата, а во преден план беше македонскиот голман,...

Љубомир Врањеш и Ним се разделија после само една година!

Љубомир Врањеш наместо четири години како беше договорено, тој после една сезона го напушта Ним. Оваа информација ја пренесоа француските медиуми, засега нема детали за раната разделба на Ним со 48-годишниот шведски стручњак. Францускиот тим сезоната ја заврши на петото...

ЦСКА Москва ја освои титулата, МВП признанието за Сара Ристовска!

ЦСКА Москва за кого настапува македонската репрезентативка, Сара Ристовска го доби третиот дуел против Ростов Дон во финалето на рускиот плеј-оф со 35-29 и ја освои шампионската титулата. Ристовска и овој пат ја имаше главната улога, мечот го заврши со...

Никола Митревски и Порто повторно го подигнаа шампионскиот пехар!

Македонскиот репрезентативен голман, Никола Митревски продолжија да доминираат во португалскиот шампионат. Тие денеска дојдоа до петтиот пехар во низа, вкупно 24 во клупската историја, откако славеа на гостувањето кај Мадеира со 33-25. За македонскиот репрезентативец ова е трета титула во...

Мисијата е исполнета: Миркуловски и Вецлар остануваат во Бундес-лигата!

Филип Миркуловски по убаво ќе го памети своето искуство како тренер во Вецлар. Тој оваа сезона, поточно од април заедно со спортскиот директор, Јасмин Чамџиќ застанаа на чело на тимот и успешно ја завршија мисијата. Вецлар и следната сезона ќе...

Германците претплатени на ЕХФ Европската лига: Фуксе Берлин е новиот освојувач

Германски Фуксе Берлин е освојувач на трофејот во второто по ранг европско клупско натпреварување, ЕХФ Европската лига. Во финалето на Ф4 турнирот германскиот тим славеше со 36:31 (16:12) против Грањолерс. Само во првите 20 минути Каталонците, кои веќе ги победија...

По жесток старт на екс-вардарец, голема тепачка во Србија: Летаа боксови и шлаканици на...

Првиот дуел од финалната серија во ракометниот шампионат во Србија дефинитивно нема да биде запаметен по играта на теренот, истиот го одбележа голема тепачка на теренот. Ракометарите на Војводина и Партизан физички се пресметаа пред крајот на првото полувреме откако...

Нaјнови вести