Одбојка

Работнички ја одбрани двојната круна: Шампионска победа во пет сета

Одбојкарките на Работнички ја одбранија двојната круна на домашната сцена, откако во четвртиот финален меч од плеј-офот против Јанта Волеј вечерва славеа со 2:3 (20:25, 17:25, 25:19, 25:19, 5:15) на гостински терен и стигнаа до 3:1 во партии за...

Миленкоски како вицешампион на Грција се враќа на клупата на Македонија

Повратникот на селекторското место во македонската репрезентација, Јошко Миленкоски, ја заврши сезоната на клупата на грчки ПАОК со вицешампионски трофеј. Солунскиот состав ја загуби финалната плеј-оф серија против екипата на Олимпијакос со 3:1 и не успеа да направи уште...

Потврдени најавите на СПОРТМЕДИА: Јошко Миленкоски е нов селектор на одбојкарите!

Одбојкарската федерација на Македонија и официјално потврди дека Јошко Миленковски е нов селектор, нешто што СПОРТМЕДИА го најави. Актуелниот предводник на грчки ПАОК, кој беше на клупата на македонската одбојкарска репрезентација во периодот од 1997 до 2008 година, се враќа...

Втора победа за шампионот: Работнички дојде на победа од нова шампионска титула

Работнички ја оствари втората победа во финалната серија од домашниот плеј-оф, откако вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со максимални 3:0 (25:12, 25:23, 25:21) славеше над градскиот ривал Јанта Волеј. Шампионките издоминираа во првиот сет во кој им препуштија само 12...

Вечерва трета пресметка кај дамите во битка за титулата

Откако по првите два меча од финалната серија Работнички и Јанта Волеј остварија по една победа пред своја публика, вечерва (20.15 часот) во салата на СЦ „Борис Трајковски“,  ќесе одигра третиот финален меч од серијата до три победи. Работнички ја...

Најтрофејниот се враќа на кормилото на македонската одбојкарска репрезентација!

Најтрофејниот македонски одбојкарски стручњак, Јошко Миленкоски, се враќа на кормилото на македонската одбојкарска репрезентација, дознава СПОРТМЕДИА. Актуелниот предводник на грчки ПАОК, кој беше на клупата на македонската одбојкарска репрезентација во периодот од 1997 до 2008 година, се враќа на селекторското...

Струмица Никоб по 10. пат е одбојкарски шампион на Македонија

Одбојкарите на Струмица Никоб се старите-нови шампиони на Македонија. Во финалната серија со екипата на ГОК Борец, струмичани славеа со 3:0, откако го добија и третиот меч одигран денеска во салата „Парк“ со максимален резултат - 3:0 (25:18, 26:24,...

Струмица Никоб вечерва има прва „меч-топка“ за 10-та титула!

Одбојкарите на Струмица Никоб вечерва од 18.30 часот во салата „Парк“ во Струмица ја имаат првата сет-меч топка во финалната серија на домашниот одбојкарски шампионат. Откако ги добија првите две средби од финалната серија против ГОК Борец, актуелните бранители...

Маџунков и СК Задруга се вицешампиони на Австрија

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Филип Маџунков и неговиот тим СК Задруга Аих/Доб мораа да се задоволат со сребрениот медал и титулата вицепрвак во шампионатот на Австрија. Нашиот среден блокер одигра одлична сезона во австрискиот тим, кој во финалето на плеј-оф серијата...

Струмица Н. направи „брејк“ во Велес и дојде на победа до одбрана на титулата

Во интересен и неизвесен дуел до самиот крај, одбојкарите на актуелниот шампион Струмица Никоб славеа со 1:3 (19:25, 25:21, 20:25, 25:27) над ГОК Борец во вториот финален меч од плеј-офот. Вечерва во Велес, домашниот тим се покажа како жилав...

Најпопуларни во 7 дена

Нaјнови вести