Вториот дел почнува со дерби – Газели и Наковски „дуел“ во „Форца“
По едномесечна пауза викендов стартува пролетниот дел од првенството од сезоната 2025/26 во Првата женска лига. Прволигашкото друштво продолжува со вториот дел од регуларниот дел на првенството, односно 10. коло во кое главното внимание ќе биде насочено кон дуелот...
Стартува вториот дел од сезоната во Првата лига мажи
Втората полусезона од првенството 2025/26 во најсилната машка одбојкарска лига стартува викендов со натпреварите од плеј-оф и плеј-аут фазата.
Водечките шест екипи на табелата по завршувањето на првиот дел од сезоната (т.н. лига – фаза) Штип УГД, Струмица 47&72, ГОК...
Јовановски и Деспотовски на 27. Генерално собрание на БВА во Сараево
Балканската одбојкарска асоцијација (БВА) утре, во Сараево, БиХ, ќе го одржи своето 27. Генерално собрание, на кое Македонската одбојкарска федерација ќе ја претставуваат претседателот Петар Јовановски и генералниот секретар Филип Деспотовски.
Делегатите од федерациите-членки на Асоцијацијата ќе ги разгледуваат извештаите...
Официјално: Никола Ѓоргиев е нов одбојкар на најдобриот чешки тим
Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев од денеска е нов член на најдобриот тим во чешката Екстралига, Карловарско.
Клубот денеска и официјално с епофали со ангажманот на нашиот најдобар одбојкар, кој по една полусезона мината во романски Рапид, реши...
Заврши мини-преодниот рок во одбојкарските првенства, дамите поактивни на „пазарот“
Дел од женските клубови од Првата и Втората лига на ОФМ беа поактивни и го искористија мини-преодниот рок за да направат промени во екипите во пресрет на пролетниот дел од сезоната, кој стартува престојниот викенд.
Дај дамите има вкупно 14...
Милев си замина од Струмица и очекува потпис со еден унгарски клуб
Македонскиот одбојкарски репрезентативец Владо Милев по 13 години заминува од својот матичен клуб Струмица. Искусниот 38-годишен примач кој ја вршеше и улогата на претседател на македонскиот шампион, заминува од клубот и кариерата повторно ќе ја продолжи во странство.
Според информациите...
Јовановски, Ајети и Деспотовски гости на 80- годишнината на Албанската федерација
Претседателот на ОФМ, Петар Јовановски заедно со потпретседателот Хабил Ајети, како и генералниот секретар Филип Деспотовски викендов присуствуваа на свечена прослава во Тирана, на која Албанската одбојкарска федерација ја обележа 80-годишнината од своето постоење.
Двете Федерации имаат одлична соработка и...
Љафтов се врати во Европа, потпиша за унгарски МАВ Елоре
По шест месеци минати во Кувајт, македонскиот одбојкарски репрезентативец Александар Љафтов се врати во Европа. Во вториот дел од сезоната 2025/26, репрезентативниот примач ќе го носи дресот на унгарскиот прволигаш МАВ Елоре од Шекесфехервар.
Веднаш по Нова година, Љафтов им...
Познат изгледот на двојките за претколото од Купот на ОФМ 2026
Натпреварувањето од Купот на Одбојкарската федерација на Македонија за сезоната 2025/2026 ќе стартува на почетокот на февруари со натпреварите од претколото со кои ќе биде дефиниран изгледот на осминафиналната фаза во женска конкуренција, односно четвртфиналните двојки кај мажите.
Според пропозициите...
Ристески: „Јасно беше дека европската приказна ќе заврши во Милано, горди сме на постигнатото“
За првпат во македонската клупска историја во сезоната 2025/2026 имавме дури пет претставници во ЦЕВ европските клупски купови, од кои последниот наш тим, вицешампион Штип УГД, на Бадник, во Милано го заврши настапот во 1/16 финалето од Челинџ купот.
Во...
















