СП во Белград: Стојоски не успеа да ја мине квалификациската група на 400 метри
Денеска започна СП во атлетика во Белград во сала. Од нашите атлетичари единствен претставник беше Јован Стојоски, рекордерот на 400 метри. Велиме беше зошто утринава Стојоски истрча далеку послабо од своето најдобро време и не успеа да ја мине...
Наковска Бикова е европски шампион во стрелање со воздушен пиштол
Оливера Наковска Бикова е освојувач на слатниот медал на европското првенство во стрелање со воздушен пиштол кое од 13 до 17 март се одржува во градот Хамар во Норвешка.
Нашата трофејна спортистка се покажа во одлично издание на овој шампионат...
Македонецот Волкановски сака борба со МекГрегор!
Австралиецот Александар Волкановски, инаку по потекло од Македонија и актуелен шампион во УФЦ во перолесна категорија, во моментов се подготвува за нови борби, нови предизвици.
„Сакам да останам во перо категорија, да не излегувам во лесна. Сакам да се...
Каратистите на Макпетрол доминираа на државното првенство за сениори
Вечера во Скопје беше одржано Државното првенство за сениори-ки во борби и кати. Според постигнатите резултати, каратистите на скопски Макпетрол не дозволија никакво изненадување и повторно во подолг временски период според освоените медали се најуспешен клуб на домашната сцена.
Макпетрол...
Одермат го освои Малиот кристален глобус во велеслалом
Норвешкиот скијач Хенрик Кристоферсен славеше на денешниот велеслалом во Крањска Гора, додека Швајцарецот Марко Одермат го освои Малиот кристален глобус во оваа дисциплина. Кристоферсен по првото возење беше петти, но во второто беше одличен и стигна до победа со...
Ужас: Шампион и неговото семејство загинаа во Украина
Украинскиот шампион во самбо Артјом Применко, кој има само 16 години, и целото негово семејство загинале за време на руското бомбардирање на градот Суми. Информацијата е соопштена од тренерот на спортистот Евгениј Леоненко. Заедно со Применко загинале мајка му,...
Роџерс станува најплатениот играч во историјата на НФЛ
Како што пренесува „Атлетик“, Арон Роџерс ќе остане во редовите на Грин Беј Пекерс со тоа што ќе потпише нов договор со неверојатни услови. Ветеранот ќе ја заврши кариерата во Пекерс со тоа што ќе потпише договор на четири...
Една од најголемите руски спортистки порача: Нашата војска ја ослободува Европа од фашизам
Една од најголемите руски спортистки на сите времиња Светлана Хоркина ја згрози јавноста со коментарот за агресијата на Русија над Украина. Хоркина, која во кариерата освои седум олимписки медали во гимнастика, а неретко е во центарот на вниманието поради...
Македонскиот Лав со нов поход на Софија: Сребро за Георгиевски!
Нови бодови за олимписки сон во Париз 2024 за нашиот херој Дејан Георгиевски. Имено нашиот таеквондист го освои среброто на Софија Опен Г2. Уште еден голем успех за македонскиот Лав, кој по двете доминантни победи со Радаловиќ од Србија...
Танде со триумф во Осло, Крафт со трофејот на „Рав ер 2022“
На задоволство на домашната публика Даниел-Андре Танде победи на денешните ски-скокови на „Холменколбакен“ во Осло. Тоа беше прва негова победа по ужасниот пад на Планица во 2021 година.Танде собра 271,2 поени, откако направи скокови од 128,5 и 133,5 метри....