Баскет Кам не се предава: Алексиќ ја расипа забавата на Бадел (ФОТО)
Финалето во женска конкуренција станува интересно. По двата порази во низа, Баскет Кам се разбуди во третиот меч, на гостувањето кај Бадел 1861 славеше со 73-74 по продолжение и намали на 2-1 во серијата.
Алексиќ е херојот на актуелниот бранител...
МЗТ Скопје продолжи со теророт во Супер-лига, го освои и Гостивар
МЗТ Скопје продолжи да доминира во пресметките со Гостивар. Актуелниот македонски првак на гостувањето во „Младост“ славеше со 72-85 и ја задржа лидерската позиција во Супер-лигата пред Пелистер. За избраниците на Александар Петровиќ ова беше осма победа во низа.
Гостивар...
Куманово го урна сонот на Ангели со „стотка“ низ Кисела Вода
Куманово го осигура своето место во Првата лига следната сезона. Во осмото коло во плеј-аут лигата го совлада составот на Академија ФМП со убедливи 75-109 и го згасна сонот на Ангели. Дебитантот имаше минимални шанси да се извлече од...
Миротиќ е МВП во Евролига!
Кошаркарот на Барселона Никола Миротиќ е прогласен за најкорисен играч во Евролига пред почетокот на фајнл-фор завршницата во Белград.
Тој оваа сезона има просек од 16,6 поени, со шут за два поени од 65,6 отсто и 45,5 за три, 5,1...
И официјално: ФИБА ги суспендираше Русија и Белорусија
Извршниот одбор на ФИБА ја потврди првичната одлука од 1 март, кога беше најавено да не се дозволи руските национални тимови и официјални лица да учествуваат во натпреварите на ФИБА и 3х3.
Истото тело на ФИБА сега ја потврди истата...
Кожув убедливо против вториот тим на МЗТ Скопје
Кожув ја оправда фаворитската улога против МЗТ Скопје 2, на гостински терен го совлада со 76-108 во рамките на осмото коло во плеј-аут лигата. Оваа средба немаше резултатско значење и за двата тима, домаќинот веќе одамна го изгуби прволигашкиот...
Антиќ го објави списокот за ЕП „Б“ Дивизија што ќе се одржи во Скопје
Женската младинска репрезентација ќе биде првата младинска национална селекција која ќе означи почеток на подготвителниот период. На 8. јуни, селекторот Јелена Антиќ заедно со своите стручни соработници ќе ги прозива девојките кои ќе се борат за место на листата...
Гостивар сонува за сензација против МЗТ Скопје
Битката за плеј-офот продолжува и денеска. Гостивар е во центарот на вниманието. Во салата „Младост“ пред празни трибини, овој клуб ќе бара нови бодови кои ќе го донесат чекор напред кон последните две места кои водат кон следната фаза....
Црна Гора ќе игра на Европското првенство на местото на Русија
Руската кошаркарска федерација е суспендирана од настап на Европското првенство кое ќе се одржи оваа година. Местото на оваа селекција, ФИБА ќе и го додели на Црна Гора, се чека само официјална потврда.
Според правилникот на ФИБА, доколку некоја земја...
Мирковски и Куманово уште една година заедно!
Куманово 2009 година нема да го менува тренерот, од таборот на прволигашот денеска и официјално потврдија дека ја продолжиле соработката со Владимир Мирковски. Целта е исполнета, Куманово останува во „елитата“, забележа доволно добри резултати за продолжување на договорот.
„Официјално денес...