Домашно првенство

Битола се буди: Продолжува битката меѓу Пелистер и Работнички

Едната полуфинална серија во плеј-офот во македонскиот кошаркарски шампионат се сели во Битола. Пелистер успеа да направи брејк на првата средба против Работнички, а потоа го загуби вториот дуел во Скопје. Сега избраниците на Дарко Радуловиќ на свој терен имаат...

Шкупи после пет години повторно во кошаркарската елита

Во третиот, и решавачки натпревар, Шкупи стигна до убедлив триумф над Маџари (77:59), доволен за место во елитата. Овој тим по пауза од пет години повторно се враќа во Првата лига. Претходно, тоа им појде од рака и на кошаркарите...

Шампионот со убедлив триумф до 2:0 над ТФТ во полуфиналето на плеј-офот (ФОТО)

Шампионот МЗТ Скопје А. ја оствари и втората победа во полуфиналето на плеј-офот во домашниот шампионат. Вечерва во салата „Јане Сандански“, МЗТ Скопје А. славеше убедливо против градскиот ривал ТФТ со 91:67 и поведе со 2:0 во серијата за...

Петков пред вториот дуел со ТФТ: Свесни сме дека сме фаворити, ќе сториме се...

Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва (вторник) ќе ги одмерат силите против ТФТ  (19 часот) во вториот меч од полуфиналната плејоф-серија од домашното првенство во која водат со 1-0, а која се игра до три победи. Во пресрет на овој...

Вардар прв финалист, шампионот поразен во Крива Паланка

Кошаркарките на Вардар се првиот финалист во плеј-офот во женска конкуренција откако вечерва и во вториот меч од серијата беа подобри од Куманово-Гризли, овој пат со 63:61. Најголемите заслуги за трумфот вреден финале одат кај најискусната кошаркарка, Славица Наков, која...

Работнички го возврати ударот, израмни во полуфиналето со Пелистер (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Кошаркарите на Работнички ја остварија првата победа во плеј-оф полуфиналето во домашниот шампионат, откако денеска во вториот полуфинален меч со Пелистер славеа со 75:69. За разлика од првиот меч во кој битолчани доминираа, вечерва Работнички во „Кале“ покажа дека научил...

Втора лига (плеј-оф): Синовите на Перо Блажевски изборија „мајсторка“!

Кој ќе игра догодина во Првата лига, ќе одлучи „мајсторката“, Маџари го одбрани домашниот терен, го победи Шкупи со 81:70 и израмни на 1-1 во серијата. Двајцата синови на Перо Блажевски беа лидери кај победникот. Карло Блажевски беше најдобриот поединец...

Шампионот добро се испоти за прва полуфинална победа над ТФТ

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром поведоа со 1-0 во полуфиналната серија од плеј-офот против ТФТ, откако во мошне возбудлив, изедначен и неизвесен меч, беа за нијанса подобар ривал од „предизвикувачот“ во оваа серија. „Штрковите“ славеа со 79:77, но ТФТ покажа...

Докузовски без пораз го однесе МКК Куманово во кошаркарската елита

Екипата на МКК Куманово од наредната натпреварувачка сезона ќе биде дел од Првата лига. Во вториот натпревар кој се покажа и решавачки во полуфиналната серија од разигрувањето за пополнување на Првата лига, кумановци уште еднаш беа подобри од скопски Ангели. Тимот...

Нема одмор за првакот: МЗТ Скопје и ТФТ ја почнуваат битката за финале!

Поради обврските на актуелниот македонски првак во АБА2-лигата, второто полуфинале во македонскиот шампионат почнува денеска. Предноста на домашен терен ја има МЗТ Скопје, кој мора да се собере по поразот од Спартак Суботица и да се насочи кон одбраната...

Нaјнови вести