Васоски и Аврамовски со реми во дербито на БиХ!
Само 1:1 на „Кошево“ за Александар Васоски и Даниел Аврамовски на мечот меѓу Сараево и Борац Бања Лука во дербито на колото во елитната лига во БиХ.
Тимот на нашиот стратег беше подобар, имаше голем број шанси, имаше и...
На 43 години почина поранешен фудбалер на Работнички
Трагедија. На само 43 години почина Драгољуб Јеремиќ, поранешен фудбалер на Работнички. Ужасната вест доаѓа утринава од Србија. Јеремиќ како интернационалец, како дефанзивец, играше во Работнички од 2006 до 2008 година, во времето кога “романтичарите“ беа недопирливи во ПМФЛ...
Собрание на ФФМ: Федерацијата во плус од 4,3 милиони евра за 2021 година!
Со присутни 55 делегати од вкупно 58 (без ОФС Струмица и ОФС Тетово), денеска во скопскиот хотел „Хилтон“ се одржа редовното годишно Собрание на фудбалската федерација на Македонија. Како и секогаш на ваквиот собир, во центарот на вниманието е...
Муамед Сејдини: Одиме напред, со едно ЕП не се живее!
На денешното редовно генерално Собрание на Фудбалската федерација на Македонија, свое обраќање имаше и претседателот на ФФМ Муамед Сејдини.
„Драги членови на Собранието на Фудбалската федерација на Македонија, драги гости и пријатели, почитувани претставници на медиумите, Да не беа сурови...
ИСТОК: Виничани во соседското дерби посакуваат нов триумф
И на истокот денеска стартува третиот круг од сезоната. Фаворитите играат дома, па затоа посакуваат и нови победи и продолжување на трката за највисок пласман и влегување во ПМФЛ. Лидерот, тимот на Слога Виница во соседското дерби со Пехчево,...
ФФМ потврди: Една Втора лига со 16 екипи!
На денешното Собрание на ФФМ, беше направена измена во системот на натпреварување за сезоната 2022/23 по што ќе следи и формирање на единствена Втора лига.
Истата ќе брои 16 клубови, а комесарот за натпреварување Игор Франговски го објасни и начинот...
ЗАПАД: Вардар на Арената ќе го напаѓа Охрид, Воска и Силекс пред нови победи…
Денеска од 15 часот се играат сите пет натпревари од 19.коло во ВМФЛ – ЗАПАД, ова е инаку прво од третиот круг сезонава. Секако дека белег на ова коло би требало да биде враќањето на Вардар на Арената или...
Скопско дерби: Шкупи со „шверцерите“ го чека Работнички на Чаир!
Ждрепката сакаше токму Шкупи и Работнички да го отворат 23.коло или третиот “бергер“ круг во тековната сезона во ПМФЛ. Две скопски екипи кои денеска од 15 часот на Чаир ќе се борат за бодови, но ќе се борат и...
Футсал: Шкупи ја победи Шкендија и стави „печат“ на шампионската титула!
Футсал тимот на Шкупи е шампион на Македонија. Иако и пред вечерашниот меч со Шкендија кој се одигра во Тетово, се знаеше дека чаирчани ќе ја освојат титулата, сепак тие со победа од 0:4 ставија “печат“ на трофејот.
Тоа значи...
Илјази: Среќен сум што ќе играме пред полни трибини, Шкупи оди на победа против...
Утре на Чаир, со почеток од 15 часот нов дуел меѓу старите скопски ривали, Шкупи и Работнички. Со овој меч се отвора и третиот круг во тековната сезона.
Се очекува интересен, квалитетен фудбал, играат екипи кои во последно време...
















