ЖФК Љуботен убедливо поразен од Розенгард
Македонскиот првак во женски фудбал, тимот на ЖФК Љуботен, доживеа убедлив пораз на стартот на вториот квалификациски турнир во ЛШ, кој се одржува во Белгија. Фудбалерките на Љуботен беа совладани од Розенгард со 5-0.
Шведскиот тим има педигре од полуфиналист...
Димоски станува дел од ТСЦ Бачка Топола
Бојан Димоски се враќа во Србија. Но не во тимот на Партизан каде што мина шест месеци како позајмен фудбалер, туку во тимот на ТСЦ Бачка Топола.
Според информациите кои доаѓаат од Србија, Димоски тимот од Војдодина ќе го чини...
Италијаните потврдуваат: Елиф Елмас се враќа во тимот на Наполи
Се решава ситуацијата со македонскиот фудбалски репрезентативец и интернационалец, Елиф Елмас.
„Дијамантот“ по страшно неуспешниот период минат во тимот на Ред Бул Лајпциг се враќа онаму каде што ги доживеа ѕвездените фудбалски моменти, а тоа е во тимот на Наполи.
Италијанските...
Селекторот на С. Арабија со список од 27 играчи за тестот со Македонија
Селекторот на репрезентацијата на Саудиска Арабија, Ерв Ренар, го објави списокот на фудбалери кои ќе ги однесе на подготвителниот камп во Чешка во септември. Кампот е дел од подготовките на Саудиска Арабија за азиските плејоф натпревари за Светското првенство...
Милевски: Најважни се трите бода со Лихтенштајн
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, денеска на прес-конференција го објави списокот на повикани фудбалери за претстојните два меча во септември. Првиот е оној пријателски со Саудиска Арабија во Прага (4 септември), а потоа и квалификацискиот со Лихтенштајн...
Милевски го објави списокот: Рамадани и Растодер дебитираат во националниот тим
Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го соопшти списокот со повикани фудбалери за контролниот натпревар против Саудиска Арабија (4. септември, стадион „Викторија Жишков“, Прага) и Лихтенштајн (7. септември, Национална арена „Тодор Проески“) од квалификациите за Светско првенство 2026.
Двајца...
ЖФК Љуботен против шведскиот првак Розенгард тргнува во втората рунда од квалификациите за ЛШ
Фудбалскиот шампион на Македонија во женска конкуренција, екипата на ЖФК Љуботен, денеска (13 ч.) во белгискиот град Лувен ги започнува настапите во втората рунда од квалификациите за место во Лигата на шампионите на УЕФА.
По одличниот настап во првата квалификациска...
„Ил Матино“: Лајпциг му дозволи на Елмас да се врати во Наполи
Елиф Елмас и Наполи се блиску до договор, објави весникот „Ил Матино“ повикувајќи се на извори во двата клуба. Според информациите објавени утринава, Елмас го отфрли интересот на француски Олимпик Марсеј, па германскиот кјлуб сега има само една отворена...
Ветераните на Брегалница и Ц. Звезда ќе играат за јубилејот „100 години ФК Брегалница“
На 12 септември во Штип по повод јубилејот „100 години фудбалски клуб Брегалница“ ќе се одигра интересен ревијален фудбалски натпревар меѓу ветераните на фудбалските клубови, Брегалница и белградска Црвена Звезда.
Настанот денеска го потврдија од клубот, кој заедно со градските...
Коментар на 3.коло: Како Вардар, така и Шкендија, а Башкими си “гази“
Пишува: Зоран Ѓоршоски
Таков е фудбалот – непредвидлив. Токму затоа е интересен и привлечен. Кој ли можеше да претпостави дека Вардар и Шкендија токму во ова 3.коло ќе кикснат и тоа пред своите фанови, а лесно можеа и да загубат....
















