Квалификации за ЕУРО – жени: Македонија на мегдан со Молдавија!
Попладнево на тренинг центарот на ФФМ во Скопје, во меч од 3.коло во квалификациите за ЕУРО во Ц лигата, женската репрезентација на Македонија ќе ги одмери силите со Молдавија.
По првите два меча избраничките на селектор Александар Андов имаат победа...
Се спрема тактика против Хрватите, утре се патува за Ријека (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Репрезентативците на Македонија попладнето го одработија последниот тренинг на Арената. Селекторот Благоја Милевски ги следеше неговите избраници и ја спремаше тактиката против силните Хрвати.
Утре во 10 часот се лета за Хрватска, а мечот ќе се одигра на 3 јуни...
Јован Манев: Кога се игра за Македонија нема штедење! (ВИДЕО)
Македонската фудбалска репрезентација утре ќе патува за Ријека за пријателскиот натпревар против Хрватска закажан на 3. јуни. Бронзените од последното Светско првенство се подготвуваат за настап на Европскиот шампионат а тоа ќе биде шанса за фудбалерите на Благоја Милевски.
Во пресрет...
Хрватска ги распродаде билетите за дуелот со Македонија
Македонската фудбалска репрезентација во следниот период ќе одигра два пријателски натпревари во рамките на подготовките за она што ја очекува во септември, а тоа е настапот во Лигата на Нации.
Нашите момци во понеделник и гостуваат на Хрватска во Ријека,...
Трајковски пред Хрватска: Да покажеме дека можеме да се носиме со силни противници!
Македонската А репрезентација ги продолжува подготовките за контролните натпревари против Хрватска (3. јуни, Ријека) и Чешка (10. јуни, Храдец Кралове). На последниот тренинг, во нашата најдобра селекција се приклучија напаѓачите Александар Трајковски, Милан Ристовски, дефанзивецот Ѓоко Зајков и голманот...
Женската А репрезентација на Македонија ги стартуваше подготовките за дуелите со Молдавија (ФОТО)
Женската А фудбалска репрезентација на Македонија официјално ги започна подготовките за претстојните предизвици од квалификацискиот циклус за пласман на Европско првенство.
Нашите репрезентативки ги очекува двомеч со селекцијата на Молдавија на домашен и гостински терен во рамките на групата 2 од...
Засилено темпо пред контролите со Хрватска и Чешка (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Македонската фудбалска репрезентација ги засилува тренинзите до двата контролни јунски дуели со Хрватска и Чешка. Избраниците на селекторот Благоја Милевски, денеска во проширен состав со приклучувањето на Велковски, Ашковски и Шишковски почнаа засилено на подготовка на тактиката за мечот...
Велковски и Шишковски на тренинг, се чекаат Столе, Зајков и Алекс
Составот на македонската фудбалска репрезентација полека се комплетира на подготовките во Скопје пред контролните натпревари со селекциите на Хрватска и Чешка. За разлика од првиот тренинг вчера, денеска попладне на тренингот на нашата селекцијата се појавија и Дарко Велковски,...
Миовски: Секогаш сме играле подобро против големите, ова се одлични тестови за нас
Фудбалската репрезентација на Македонија вчера се собра во Скопје и сега се подготвува за двата пријателски натпревари кои следат во рамките на јунскиот репрезентативен прозорец. Прво играме со Хрватска во Ријека, а своите очекувања ги изнесе напаѓачот, Бојан Миовски.
„Знаеме...
Илиев: Оптимисти сме, обврска е да го дадеме најдоброто
Македонската А репрезентација го оддржа денешниот утрински тренинг на тренинг центарот „Петар Милошевски“ како подготовка за контролните натпревари против Хрватска (3. јуни, Ријека) и Чешка (10. јуни, Храдец Кралове).
Репрезентацијата утре ќе биде во речиси комплетен состав со приклучувањето на...