Пресврт во случајот со Џорџинио Вајналдум. Холандскиот репрезентативец го напушта Ливерпул и требаше да отиде во Барселона како слободен фудбалер, меѓутоа каталонските планови им ги расипа Пари Сен Жермен. Францускиот вицешампион се вмешал во трката и понудил двојна поголема плата од онаа на Барса, пренесува Фабрицио Романо, експертот за трансфери на фудбалери.
Вајналдум ги прифатил условите на ПСЖ и ќе потпише договор до 2024 година. Засега се споменува дека ПСЖ му понудил двојно повисока плата, но не се споменува сумата.
Холанѓанецот ќе стане слободен играч на крајот на јуни кога ќе му истече договорот со Ливерпул.