Беше младински шампион на Италија со Интер, стигна до првиот тим на „нероаѕурите“ но никогаш не доби шанса да ги покаже своите квалитети. Се работи за голманот Алекс Кордаз кој почна во младинските категории на Интер, но кариерата ја градеше во други клубови како позајмен во Специја, Тревизо, Лугано, Читадела, Парма, словенечка Горица и Кротоне. Сега, после 15 години откако го напушти „Џузепе Меаца“ се враќа во старото јато – како 38 годишен играч и трет голман во екипата, зад Хандановиќ и Андреј Раду.
Кордаз во 2015 година отиде во Кротоне и до сега одигра преку 200 натпревари за оваа екипа. Сега како слободен фудбалер може да се врати онаму каде што почна и да ја заврши кариерата.
Тоа значи дека младиот Филип Станковиќ, синот на славниот Дејан Станковиќ ќе оди на позајмица во друг клуб каде што ќе може да собира искуство.










