Ветеранот Роџер Федерер одлучи да се повлече од овогодинешното издание на Ролан Гарос, пред се како што и самиот најави здравствени причини.
Тој на социјалните мрежи објави дека по две операции и рехабилитации, сака пред се да го слуша своето тело, а не да форсира и да настрада непотребно.
„По разговорот со мојот тим, одлучив да се повлечам од Ролан Гарос. По две операции на коленото, и преку една година рехабилитација, многу е важно да го слушам своето тело, односно да бидам сигурен во него, и да не форсирам преран кам бек. Возбуден сум што одиграв три меча. Нема подобро чувство од враќање на терен. Се гледаме наскоро“ – изјави Федерер.










