РОЛАН ГАРОС: Словенечката сензација Зиданшек стигна до четвртфинале

234

Словенечката тенисерка Тамара Зиданшек се пласира во четвртфиналето на Ролан Гарос откако денеска ја победи романската тенисерка Сорана Кирстеа со 7:6 и 6:1 во сетови. Зиданшек, која е 85. на ВТА листата ја совлада противничката која е многу подобро пласирана на светската листа за 1 час и 26 минути игра. Ова не само што е нејзин најдобар пласман во кариерата, туку и најдобар пласман на една словенечка тенисерка, а ќе има шанса и за полуфинале.

Нејзина противничка ќе биде шпанската тенисерка Паула Бадоса која денеска ја елиминира чешката тенисерка Маркета Вондрушова со 6:4, 3:6, 6:2.

Во четвртфиналето се пласира уште и Русинката Анастасија Пављученкова откако ја елиминира Белорусинката Викторија Азаренка со 2:1 (5:7, 6:3 и 6:2).

Подоцна играат Серена Вилијамс и Елена Рибакина. Утре се останатите осминафинални дуели.

ПретходноМладост 96 е новиот шампион на Македонија во пинг понг!
СледноНеуморната Хасан истрча светски рекорд на 10.000 метри! (видео)