Жељко Обрадовиќ е најверојатно нов тренер на Партизан. Како што објавија бројни српски медиуми, Остоја Мијаиловиќ, претседателот на Партизан, објавил интересна слика на својот „Твитер“ профил со текст: “30 години подоцна. Се за љубов, се за Партизан”.
Јасно е дека тој алудира на Жељко Обрадовиќ, кој стана главен тренер на Партизан пред 30 години, и сите со нетрпение ја чекаат потврдата за неговото враќање на кормилото на неговиот омилен клуб.
— Ostoja Mijailovic (@Ostoja1945) June 25, 2021