Аргентина на пенали до големата класика во финалето на Копа Америка 2021 (ВИДЕО)

780

Сонот за сите љубители на фудбалот во финалето на годинашната Копа Америка да ги видат лутите ривали Бразил и Аргентина се оствари. Двата јужноамерикански гиганти ќе се соочат во големата пресметка за трофејот.

Рано утринава во второто полуфинале на Копа Америка 2021 „гаучосите“ по подобро изведување на пенали ја елиминираа Колумбија во полуфиналето и стигнаа до пласман во големото финале.

Во регуларното време, средбата заврши со резултат 1:1, откако Лаутаро Мартинез отвори за Аргентина во 7-та минута, а Луис Дијаз избори реми за Колумбија во 61. минута. По изведувањето на пеналите, Аргентина славеше со 3:2.

Меси, Паредес и Лаутаро Мартинез погодија од белата точка за „гаучосите“, а Де Пол промаши. Како голем херој за Аргентина, сепак се покажа голманот Емилијано Мартинез, кој одбрани три пенали на противникот, оние на Дејвисон Санчез, Јери Мина и Едвин Кардона. За Аргентина ова ќе биде 29-то финале на Копа Америка.

ПретходноШкупи го промовираше и деветтото засилување ова лето
СледноФеникс го отвори НБА финалето со убедлива победа над „Бакс“ (ВИДЕО)