Брегалница продолжува со заокружување на играчкиот кадар за враќањето на прволигашката сцена, откако денеска објави дека е обезбедено и петтото засилување во летниот преоден рок. Најново име во редовите на „сините“ е уште еден повратник, деснокрилниот дефанзивец Стефан Коцев.
27-годишниот Коцев кој е дете на фудбалската школа на Брегалница, повторно се враќа во својот клуб по интернационалната кариера. Изминатава сезона настапуваше за косовски Призрен, а претходно беше дел и од грчки Аспропиргос како и од косовскиот прволигаш Лирија. На домашната сцена, покрај за Брегалница, од 2018 до 2020 година настапуваше и за кратовски Силекс.















