„Аѕурите“ по десеттипат во својата историја ќе играат во финалето на завршницат ана големите натпреварувања. За Италијанците, ова ќе биде четврттата пресметка во финалето на континенталниот собир, а покрај тоа имаат и шест финалиња на Мундијалите.
Интересно, Италијанците беа поуспешни на светските првенства, освојувајќи четири титули, додека на Европските првенства нивниот последен и единствен успех беше во 1968 година. Само селекцијата на Германија од европските репрезентации е со повеќе финалиња на европските и светските првенства. Германците имаат 14 учества во финалните натпревари и засега се најдобриот европски национален тим во овој поглед.










