Захариевски: Респект за противникот, одиме по добар резултат

282

Екипата на Струга Трим Лум е во Лиепаја, градот каде што утре со истеомениот тим на стадионот „Даугава“ ќе го одигра натпреварот во рамките од Лигата на Конференции на УЕФА.

Ова ќе биде прв настап на Струга ТЛ во Европа, а пред утрешниот натпревар, своите очекувања ги искажаа тренерот Срѓан Захариевски и капитенот Фламур Таири.

„Го респектираме противникот, и ќе влеземе максимално ангажирано. Не очекува еден тежок натпревар, но сме подготвени да дадеме се од себе за да оствариме добар резултат пред реваншот“, рече Захариевски. 

Таири, пак, кажа дека Струга е подготвена за успешен настап на европското „деби“.

„Подготвени сме сите да дадеме се од себе на европското деби и да оствариме добар резултат пред реваншот“, изјави Таири. 

ПретходноМихаилов: Меч за уживање за моите играчи; Божиновски: Ќе одлучуваат нијанси
СледноРеал ќе „затропа“ на вратата на Манчестер Сити