Огромно изненадување на Вимблдон. Полскиот тенисер Хуберт Хуркач го совлада славниот Роџер Федерер во четвртфиналето на Вимблдон и тоа со убедливи 3-0 во сетови. Во првиот Полјакот славеше со 6-3, вториот го доби со 7:6, а третиот со 3:0.
Со тоа 18-годишниот тенисер влезе во полуфиналето и ќе игра со подобриот од Беретини-Оже-Алисаме.
Другото полуфинале го сочинуваат Ѓоковиќ и Шаповалов. Ѓоковиќ го совлада Фушкович со 3-0 во сетови, а Шаповалов беше подобар од Качанов со 3-2.