За време на денешната прес-конференција по повод формирање на новиот ракометен тим, РК Алкалоид, кај дел од јавноста се отвроија дилеми, дали членовите на овој клуб ќе имаат „посебна врата“ за влез во националниот тим.
Оваа дилема брзо ја разреши нашиот најдобар ракометар и предводникот на репрезентацијата Кирил Лазаров, кој со својот бренд КЛ7 стана партнер со РК Алкалоид.
„Никој од РК Алкалоид нема да има загарантирано место во репрезентацијата. За да се стекнат со статус на репрезентативец во најдобрата селекција ќе мора да се изборат за тоа, националниот дрес мора да се заслужи. Кај нас знаеме дека помладите знаат и да се опуштат, нема да го дозволиме тоа“, изјави Лазаров, кој веќе одамна најави дека мора да се обрне внимание на иднината на репрезентативниот ракомет.
Токму РК Алкалоид треба да биде мотив за сите останати клубови, заеднички да се придонесе кон одржување на нивото на овој спорт во европски и светски рамки. Само на овој начин Македонија може да го задржи континуитетот на учества на големите натпреварувања до добро покрепена генерација која сигурно ќе чекори по патеките на успехот, ќе го продолжи делото на искусните ракометари – сето тоа безболно.










